Connect with us

Хроника

Дебранец приведен за возење под дејство на алкохол

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар синоќа лишиле од слобода 60-годишен жител на градот, кој управувал патничко моторно возило под дејство на алкохол.

– Синоќа, во 21.13 часот, на улицата Јусуф Багери во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ. М. (60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземените мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промил алкохол во крвта – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило.  

Воедно, од полицијата апелираат до возачите на зголемена внимателност и строго почитување на сообраќајните прописи, особено поради замрзнатите коловози. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4