Connect with us

Регион

Во Србија оваа година организираат „Олимпијада“ за пензионери, ПИО доделуваат и пакети помош

Пензионерите во Србија ќе имаат Олимпијада во 2026 година, но не вистинска, туку олимпијада за спорт, здравје и култура на третата возраст како дел од настанот Собир на пензионери организиран од Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, јавија српските медиуми.

Одлуката за трошоците за финансирање на регионалниот и годишен настан на Собор на пензионери ја донесе Управниот одбор на ПИО и за таа намена се издвоени 32,5 милиони динари.

Во Одлуката е наведено и колку средства, од вкупно 32,5 милиони, ќе бидат издвоени за финансирање на одржување на културни и спортско-рекреативни настани – 26,06 милиони динари.

Дирекцијата на ПИО ќе ги префрли парите на Здружението на пензионери на Србија (94 проценти од средствата) и на Здружението на пензионери на Србија „Независност“ (6 проценти).

Пензионерите, според друга одлука донесена од Фондот на ПИО, во 2026 година ќе добијат пакети солидарна помош со основни прехранбени производи и хигиенски производи, со цел да се подобри стандардот на пензионерите. За тие цели ќе бидат издвоени 272,8 милиони динари.

Во 2025 година, Соборот на пензионери се одржа во Врњачка Бања, кога пензионери од различни региони се собраа за да го отворат тој настан.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2