Connect with us

Хроника

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра

Седумдесетгодишен жител на тетовско село во полиција пријавил дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово.

Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, според вчера пријавеното, во текот на 2024 година, лицето им понудило нему и на неговиот брат да им помогне да примаат пензија од странска држава, бидејќи двајцата имале остварено работен стаж.

Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени, појаснија од Министерството.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1