Connect with us

Свет

Владата на Ортега ослободи стотици затвореници по барање на Вашингтон

Владата на Никарагва соопшти дека ослободила стотици затвореници, само еден ден откако Соединетите Американски Држави упатија повик за пуштање на слобода на повеќе од 60 политички затвореници во оваа земја.

Овој потег доаѓа во време кога и Венецуела, исто така под притисок на Вашингтон, започна со ослободување на политички затвореници. Во соопштението на администрацијата на претседателот Даниел Ортега не е прецизиран точниот број на ослободени лица, ниту е потврдено дали тие биле притворени од политички причини.

Невладината организација која ги следи политичките затвореници во Никарагва идентификуваше 19 лица кои беа ослободени вчера. Ана Маргарита Вихил, претседателка на политичкото движење УНАМОС потврди дека меѓу пуштените има нивни соработници и пријатели.

По масовните протести во 2018 година, режимот на Ортега одговори со силна репресија во која загинаа најмалку 350 лица, а стотици завршија во затвор. Опозициската коалиција „Либерали на Никарагва“ оцени дека оваа одлука е „директен резултат на американскиот политички притисок врз диктатурата“. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3