Connect with us

Хроника

Kривична пријава за две лица од Слупчане: Силувале малолетничка, ја снимале, па ја уценувале

СВР Куманово денеска до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против  Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела „полов напад и силување”  и „уцена” и против  Ќ.М. (28) од село Слупчане за сторено кривично дело „полов напад и силување”.

Според МВР, Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со Ќ.М. Потоа и се заканувал на малолетничката дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20 000 евра. Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на Н.А.

Во интерес на истрагата и потребата од заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира внимателно и етички да се известува за настанот, како и да се користат официјални извори.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2