Connect with us

Хроника

Кривична пријава за Дебарчанец, насилно одзел пари од жена покрај банкомат

Жител на дебарското село Могорче заработи кривична пријава за насилно одземање на пари од жена која само што ги подигнала од банкомат.

-Одделението за внатрешни работи- Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Тој, на 19-ти овој месец забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно и ги одзел парите и избегал. 

Набрзо, К.М. бил  пронајден и приведен во полициска станица.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1