Connect with us

Хроника

Почина познатиот пејач Шпат Касапи, соработник на Артан Груби и син на поранешна пратеничка

Познатиот албански поп пејач Шпат Касапи почина ненадејно утрово во Италија.

Неговиот брат Аљбин во изјава за албански медиуми посочува дека засега се сомневаат дека причина за смртта е срцев удар.

Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово. Касапи е син на екс пратеничката од СДСМ, Ѓилумсер Касапи. Тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.

Кариерата ја започнал на почетокот на 2000-тите и многу брзо станал идол на младите. Шпат беше важна фигура на албанската поп-музика во земјава и во регионот, задржувајќи ја популарноста со својот препознатлив стил.

Зад себе остави сопруга и едно дете.

Инаку, Касапи имаше кусо искуство и како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада, Артан Груби.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3