Connect with us

Хроника

Тинејџер од Охрид силувал 12-годишно девојче, друг малолетник снимал, трет го користил за уцена

Полицијата утрово лиши од слобода 16-годишник од Охрид, поради сомнение дека на 12 овој месец извршил обљуба на 12-годишно девојче од Охрид.

Според полициското соопштение, друг малолетник го снимал чинот на обљубата.

До видео-материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, заканувајќи се дека во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР – Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4