Connect with us

Хроника

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун

При инспекциски надзори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун, кај 16 правни субјекти биле затекнати количини на тутунски производи за кои тие не поседувале документи за набавка од добавувач и ги немале потребните ознаки – акцизни марки. Како што соопшти ДПИ, контролите биле извршени на 17 и 18 ноември на територија на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

-Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија. За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи согласно законските надлежности, издаде прекршочни платни налози, за неправилностите достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување, соопшти Пазарниот инспекторат. 

Информира и дека ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори „со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности“.

-Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот, додава ДПИ во соопштението. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4