Connect with us

Хроника

Лишен од слобода дебранец, под дејство на алкохол управувал возило и удрил во полициско возило

Полициски служеници од Дебарското одделение за внатрешни работи, лишиле од слобода жител на Дебар, кој под дејство на алкохол управувал возило предизвикувајќи сообраќајна несреќа со службено патничко возило на Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во 1:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато – Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар. Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

При преземање мерки по незгодата, констатирано е дека П.П. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,86 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.

Димоски исто така информираше дека Надворешнaта канцеларија за криминалистички работи Дебар, поднела кривична пријава против А.С.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на јули 2025 на катастарска парцела во Дебар, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост, поставувајќи бетонски ѕид. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4