Connect with us

Хроника

Кавадарчанка при реновирање во домот пронашла 55 неексплодирани детонаторски каписли

Кавадарчанка при реновирање во домот пронашла 55 неексплодирани детонаторски каписли, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Синоќа во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од овој град,  пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви. Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за  55 неексплодирани детонаторски каписли. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1