Хроника
Царината заплени фотоапарати сокриени во автобус, автоделови под седишта и дрога во рачна торба
Во изминатите две недели мобилните царински тимови спречија повеќе обиди за криумчарење различна стока.
Како што информираат од Царинката управа на Табановце биле пронајдени два употребувани фотоапарати SONY и CANON сокриени во автобус на релација Брисел–Скопје, вредни 87.300 денари, со избегнати давачки од 20.864 денари.
Во царинската испостава Гевгелија биле откриени 662,4 квадратни метри керамички плочки од Кина кои не биле пријавени во документацијата.
Кај Блаце цариниците откриле 20 употребувани автоделови за BMW X5 сокриени во товарниот дел на пикап возило.
Автобус со турски таблички бил запрен кај Петровец, а при детална контрола во Скопје било утврдено дека компресорот за климатизација е празен и преправен за криумчарење стока.
На Табановце, при личен претрес, кај сопатничка биле пронајдени 2 грама кокаин.
Во јавен царински склад биле задржани 1.632 играчки со заштитени трговски марки, поради сомневање за фалсификат.
Во патничко комбе на Табановце биле откриени 39 парчиња облека и 3 чанти, вредни 137.000 денари, со избегнати давачки од 52.773 денари.
На Богородица цариниците пронашле 11 штеки цигари без акцизни маркички, вредни 12.262 денари, со избегнати давачки од 21.830 денари.
На Ново Село биле откриени 45 М-ТАГ апарати сокриени во багажник и една турбина BorgWarner, и двете со вредност по 69.255 денари.
На Богородица, во два случаи, биле пронајдени 240 пара патики со заштитена марка и 59 машки џемпери.
На Дојран цариниците задржале 134 текстилни производи и 232 парчиња бижутерија, вредни 47.270 денари.
На Табановце, во две патни торби, биле пронајдени 57 парчиња облека вредни 98.500 денари.
Царинската управа најавува продолжување на засилените контроли.
ноември 18, 2025

