Хроника
Хорор во Кавадарци: Мајка физички го нападнала своето шестмесечно бебе
Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 06:10 часот лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци која се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе.
Бебето, како што информира МВР, е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување лекарска помош.
Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
ноември 10, 2025

