Connect with us

Свет

Песков: Русија не доби објаснување што значат зборовите на Трамп за нуклеарните проби

Москва не доби објаснување од Вашингтон што точно значат зборовите на претседателот на САД, Доналд Трамп за обнова на нуклеарните проби, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека на Русија не ѝ е јасно што точно САД планираат да тестираат.

Трамп минатата недела изјави дека му наредил на Пентагон да почне со тестирање на американското нуклеарно оружје „на рамноправна основа“ како одговор на нуклеарните проби од другите држави.

Трамп не прецизираше на кои тестирања мисли, ниту дали ќе се вклучени и детонации на нуклеарни боеви глави. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3