Свет
Најмалку 37 луѓе загинаа во поплавите во Виетнам
																								
												
												
											Поројните дождови и поплавите во Виетнам усмртија најмалку 37 луѓе, пет лица се водат како исчезнати, а 78 се повредени, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и управување со брани.
Невремето поплави 7.897 хектари оризови полиња се поплавени, а повеќе од 64.000 добиток и живина се однесени од надојдената вода. Низ целата земја се уништени 103 згради, 451 се оштетени, а уште 12.676 згради се поплавени. Во моментов, 50 делови од националната патна мрежа се блокирани, вклучувајќи 24 локации управувани од Министерството за градежништво.
Железничката врска помеѓу Ханој и Хо Ши Мин е обновена, но возовите сообраќаат бавно на одредени делови поради поплавите.
ноември 4, 2025
											
											
											
								
								
