Connect with us

Свет

Кина предупредува на зголемена странска шпионажа во земјоделскиот сектор

Кинеската Национална агенција за разузнавање и безбедност (Министерство за државна безбедност – МДС) предупреди дека странските разузнавачки агенции ги засилуваат напорите за „нелегално стекнување“ на генетски податоци и семиња од житниот сектор во земјата, нарекувајќи ја активноста закана за националната безбедност на храната.

„Во последниве години, странските разузнавачки агенции ја интензивираа својата инфилтрација во житниот сектор во Кина, нелегално стекнувајќи генетски податоци од култури како што се соја, пченка и ориз, што претставува сериозна закана за безбедноста на храната во земјата“, се вели во соопштението на Министерството.

-Пекинг долго време ја смета својата безбедност на храната за прашање од националната безбедност, слично како што енергетската безбедност долго време се гледа низ призмата на националната безбедност во Вашингтон, рече Еван Роџерс Пеи, директор на TriviumChina со седиште во Пекинг. „Објави како оние на МДС имаат за цел да создадат јавно сомневање и да поттикнат скептицизам во врска со странскиот интерес за земјоделството и храната“, додаде тој.

Министерството ја повика јавноста да пријави каква било сомнителна активност преку официјални телефонски линии или онлајн канали.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1