Свет
Уапсена поранешната воена обвинителка на Израел поради протекување на информации
Обвинителката Томер-Јерушалими во петокот поднесе оставка, а вчера на кратко исчезна, што предизвика шпекулации за евентуален обид за убиство.
Поранешната израелска воена обвинителка Јифат Томер-Јерушалами е приведена во рамките на истрагата за протекување на видеоснимка, на која се гледа како израелски војници малтретираат палестински притвореници во 2024 година во затвор со висока безбедност.
Обвинителката Томер-Јерушалими во петокот поднесе оставка, а вчера на кратко исчезна, што предизвика шпекулации за евентуален обид за убиство.
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир денесја изјави дека е договорено затворската служба да дејствува со зголемена будност, за да ја осигури безбедноста на поранешната обвинителка во притворскиот центар, каде што е префрлена.
Томер-Јерушалими во петокот призна дека нејзината канцеларија им дала на медиумите видео од војници кои ги малтретираат палестинските затвореници во 2024 година во притворскиот центар Сде Тејман.
Израелската армија почна истрага за протекувањето на снимката во медиумите, а министерот за одбрана Израел Кац ја поздрави оставката на обвинителката.
Притворниот центар Сде Тејман во воената база е наменет за притворање на Палестинците уапсени првенствено во Појасот Газа по почетокот на војната против Хамас, што почна на 7 октомври 2023 година, со нападот на палестинското исламистичко движење врз израелска територија.
Организациите за права на палестинските затвореници редовно ја обвинуваат израелската затворска администрација за злоупотреба на палестинските затвореници.
ноември 3, 2025

