Connect with us

Свет

Обвинител: Ризикот од терористички напади во Франција останува висок

Ризикот од терористички напади во Франција останува висок, а младите и малолетниците се сè повеќе вклучени, предупреди денеска Оливие Кристин, националниот обвинител за антитероризам.

Тој изјави за радиото Франс Интер дека терористичката закана во земјата останува многу реална, 10 години по координираните напади во центарот на Париз на 13 ноември, кога најмалку 130 лица загинаа во серија терористички напади, од кои 80 на рок концерт.

-Се наоѓаме во фаза каде што заканата е многу присутна. Бројот на случаи покренати од обвинителството е еден од највисоките во последните пет години, рече Кристин.

Според него, заканата од тероризам еволуирала, со зголемување на независноста на поединците вклучени во плановите за напади, што значи дека има помалку директни контакти со терористичките организации, објави Ле Фигаро.

Кристен додаде дека има сè повеќе млади луѓе и малолетници вклучени во планирањето напади и дека од почетокот на оваа година, 17 малолетници се обвинети за тероризам, додека во 2024 година имало дури 19.

Обвинителот, исто така, укажа на значајната појава на екстремно десничарски тероризам во последните три до четири години.

-Во оваа област, отворивме пет судски постапки во 2025 година, што ја одразува насилната радикализација на политичкото изразување и идеи, заклучи Кристен.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2