Connect with us

Свет

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси 

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите кои се кандидираат за гувернер во Вирџинија и Њу Џерси и ќе се обиде да ги мотивира гласачите пред изборите што би можеле да го покажат националното расположение десет месеци по почетокот на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп, објавува денеска американските медиуми.

Како што е најавено, Обама, демократ кој беше наследен од Трамп кога првпат ја презеде претседателската функција во 2016 година, ќе се појави во Норфолк со кандидатката на демократите за гувернер на Вирџинија, Абигејл Спанбергер, а потоа во Њу Џерси, ќе учествува на предизборен митинг со кандидатката на демократите за гувернер Мајки Шерил во Њуарк.

Обама ќе учествува на двата настана како прв црн американски претседател, во области каде што излезноста на црните гласачи е клучна за победата на демократите.

Американските медиуми проценуваат дека учеството на Обама потврдува колку е популарен меѓу демократите, повеќе од осум години откако ја напушти Белата куќа, но исто така нагласува дека во реалноста републиканците ги држат сите лостови на федералната моќ, додека група демократски гувернери и пратеници се борат за статус со помош на национални личности.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг