Свет
Американската војска убила четири лица за време на напад врз сомнителен брод во Пацификот
 
																								
												
												
											Американската војска вчера елиминира четворица мажи за време на напад врз сомнителен брод за транспорт на дрога во источниот Пацифик, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, пренесоа британските медиуми.
„Овој брод, како и сите други, според нашите разузнавачки информации, бил вклучен во нелегален шверц со наркотици. Минувал низ позната рута за трговија со наркотици и транспортирал наркотици“, наведе Хегсет во објава на X.
Објавата на Хегсет вклучуваше видео клип од 22 секунди од експлодирањето на бродот како резултат на нападот на американската војска.
октомври 31, 2025
 
											 
											 
											 
								 
								

 
								 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										