Свет
Захарова: Европа се движи кон самоуништување
 
																								
												
												
											Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече, е „поочигледно од кога било“.
„Да немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денеска не може да биде поочигледно“, изјави Захарова.
Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку „монструозната миграциска криза“, објавија руските медиуми.
октомври 30, 2025
 
											 
											 
											 
								 
								

 
								 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										