Connect with us

Свет

Франција распоредува нови нуклеарни ракети на подморниците

Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморниците за таканаречено нуклеарно одвраќање, објавија денеска Министерството за вооружени сили и ArianeGroup.

„Третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од море M51 (M51.3) влезе во оперативна употреба, што претставува голем чекор во модернизацијата на океанската компонента на француското нуклеарно одвраќање“, се наведува во соопштението на министерството.

Оваа ракета е опремена со нови нуклеарни боеви глави (TNO-2) и со нејзиното пуштање во оперативна употреба завршува речиси 12-годишниот процес на модернизација.

„Оваа ракета е поефикасна во однос на дострелот, точноста и способноста за пенетрација“, се додава во соопштението.

Ракетите ќе бидат распоредени на сите четири француски подморници со балистички ракети, од кои барем едната е сè уште скриена на океанското дно.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1