Connect with us

Свет

Во Минск средба Лавров – Додик

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека „на маргините на III Минска конференција за евроазиската безбедност разговарал со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик“.

Лавров и Додик изразија принципиелна поддршка за Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина (Дејтонски договор) од 1995 година, кој останува единствена одржлива рамка за мир и безбедност во земјата и поширокиот регион на Западен Балкан, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се додава и оти Лавров и Додик ја потврдиле посветеноста за зајакнување на партнерството меѓу Русија и Република Српска. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг