Connect with us

Свет

Италијански суд ja одобри екстрадицијата на еден од осомничените за саботажата на „Северeн тек“ во Германија

Италијански суд ја одобри екстрадицијата на осомничен Украинец во Германија во случајот поврзан со нападот врз гасоводите „Северен тек“, објави денеска адвокатот на осомничениот, пренесе ДПА.

Осомничениот 49-годишник беше уапсен додека беше на одмор во Италија кон крајот на август. Тој се смета за еден од наводните организатори на нападите во 2022 година, во кои беа оштетени гасоводите што водат од Русија до Германија.

Германските обвинители го обвинуваат украинскиот државјанин за заедничко предизвикување експлозија и за противуставна саботажа.

Судот во Болоња веќе ја одобри неговата екстрадиција во септември, но адвокатот на осомничениот го поднесе случајот пред Врховниот суд на Италија, кој го запре предавањето поради процедурални грешки, потсетува гермсанската агенција.

Врховниот суд потоа го врати случајот во Болоња, каде што новосоздаден судски совет беше задолжен повторно да го разгледа случајот, потстува ДПА.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг