Свет
Источен Тимор стана 11-та членка на АСЕАН
Источен Тимор, денеска стана 11-та земја-членка на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Со тоа е реализиран политичкиот поглед на сегашниот претседател на земјата, Хозе Рамос-Орта, започнат пред речиси половина век, кога се уште беше португалска колонија, јавија британски медиуми.
Официјалното име на Источен Тимор е Демократска Република Источен Тимор. Земјата има население од 1,4 милиони луѓе.
Аплицираше за членство во АСЕАН во 2011 година.
Источен Тимор е меѓу најсиромашните земји во Азија и соодветно се надева дека ќе има корист од членството во асоцијацијата.
октомври 27, 2025

