Connect with us

Свет

Турскиот суд одби да го разреши лидерот на ЦХП, Озел

Судот во Турција го отфрли случајот со кој се бараше смена на лидерот на главната опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП) Озгур Озел и поништување на неговата победа на внатрепартиските избори од 2023 година под сомнение за неправилности.

Пресудата е донесена во услови на невидена правна битка со ЦХП, во која стотици нејзини членови и избрани функционери се во затвор.

Доколку судот пресудеше против Озел, тоа ќе предизвикаше превирања и судири во ЦХП, давајќи му на претседателот Реџеп Тајип Ердоган поголема шанса да го продолжи своето 22-годишно владеење со Турција.

Судската одлука позитивно влијаеше на берзата. По пресудата главниот индекс на турската берза „Борса Истанбул“ се зголеми за 3,4 отсто, а порасна и вредноста на лирата. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг