Свет
Поранешниот грузиски премиер Гарибашвили обвинет за перење пари
Поранешниот премиер на Грузија, Иракли Гарибашвили денеска е обвинет за перење пари од особено голем обем, дело за кое е предвидена затворска казна до 12 години.
Гарибашвили (43), кој беше премиер на Грузија од 2013 до 2015 и од 2021 до 2024 година, важи за близок соработник на грузиски олигарх и лидер на владејачката партија Грузиски сон, Биџина Иванишвили.
Минатата недела беа извршени претреси во домовите и канцелариите на Гарибашвили и уште двајца долгогодишни соработници на Иванишвили. Според грузиските медиуми во домот на поранешниот премиер биле пронајдени и конфискувани вкупно 6,5 милиони долари во готово.
Пред два дена директорот на Грузиската антикорупциска агенција, Емзар Гагниѕе изјави дека Гарибашвили соработува со истрагата и оти признал дека неколку години примал нелегален приход
октомври 25, 2025

