Свет
Кина се противи на американските санкции врз руската нафта
Пекинг изрази несогласување со американските санкции врз рускиот нафтен сектор, наметнати од Вашингтон со надеж дека ќе ја принудат Москва да ја прекине војната во Украина, објавија француските меидуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го изрази своето незадоволство од рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека разговорите со него „не водат никаде“, додека американскиот министер за финансии Скот Бесант објави санкции врз руските нафтени гиганти Роснефт и Лукоил, за кои рече дека „ја финансираат воената машина на Кремљ“.
„Кина постојано се спротивставува на едностраните санкции кои не се засновани на меѓународното право и не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг е најголемиот купувач во светот на руски фосилни горива, вклучувајќи ги и нафтените производи.сд/
Вчера, ЕУ, исто така, објави дека постигнала договор за заострување на санкциите врз руските фосилни горива. Денес, официјално беше усвоен 19-тиот пакет санкции.
октомври 24, 2025

