Connect with us

Свет

Германската полиција по грешка застрела војник на Бундесверот додека бил на симулациска вежба

Германската полиција застрелала војник за време на голема вежба на Бундесверот, вооружените сили на Германија, во јужниот град Ердинг, соопштија официјални лица.

Портпаролот на оперативната команда на Бундесверот изјави за ДПА дека полицијата, која била повикана од локалните жители, оиради недоразбирање испукала куршум кон војник кој учествувал во вежбата.

Војникот добил полесни повреди и бил префрлен во болница, од каде што во меѓувреме бил пуштен, додаде портпаролот.

Полицијата соопшти дека реагирала на пријави за маж кој носел оружје и распоредила повеќе единици.

„Подоцна се покажа дека вооруженото лице било член на германските вооружени сили кој бил на местото на настанот како дел од вежба“, се наведува во соопштението на полицијата.

Целта на вежбата била да се симулира борба зад замислената линија на фронтот во одбранбена ситуација, а во неа учествувале армијата, полицијата и противпожарните и спасувачките служби.

Невообичаена карактеристика на вежбата е тоа што приближно 500 војници и околу 300 лица од цивилните служби за итни случаи ги спроведуваат вежбите на јавни површини, наместо на затворени воени полигони за обука.

Според Бундесверот, со неа се вежбал одговор на „заднинските“ закани, вклучувајќи напади со беспилотни летала, саботажи и таканаречени нерегуларни вооружени сили или борци кои не се членови на војската на државата.

Сценариото претпоставува дека е нападната членка на НАТО, што би довело до одбрана на ниво на целата Алијанса.

Вежбата, исто така, опфаќа контрола на сообраќајот, лоцирање скриено оружје, борба против нелегалната трговија со оружје и заштита на критичната инфраструктура.

Покрај тоа, војниците вежбаат одбрана од непријателски беспилотни летала и распоредување на свои.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг