Connect with us

Свет

Белгискиот Врховен суд ја отфрли тужбата против Фон дер Лајен за набавката на Ковид вакцини

Врховниот суд на Белгија ја оцени како неприфатлива кривичната тужба поднесена против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со набавките на Ковид вакцини од американската компанија „Фајзер“. 

Пресудата на Врховниот суд е донесена по жалба на одлуката на Судот во белгискиот град Лиеж, кој во 2023 година ја отфрли тужбата поднесена од поранешниот белгиски лобист Фредерик Балдан. 

Балдан во тужбата ја обвинуваше Фон дер Лајен за злоупотреба на функцијата, уништување докази, корупција и судир на интереси при договарањето на набавките на вакцини против корона вирусот за време на Ковид пандемијата. Кон тужбата на Балдин привично се приклучија уште неколку странки, меѓу кои и Унгарија, Полска, здружението „Нашиот добар закон“, белгиската партија Вивант и неколкумина граѓани. 

Адвокатот на Фон дер Лајен, Адриен Масе ја поздрави пресудата на белгискиот Врховен суд оценувајќи ја како „добра одлука“. 

Одлуката на Врховниот суд е конечна, со што е завршена тригодишната судска постапка против претседателката на Еврокомисијата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг