Свет
Во Полска приведени осум лица осомничени за подготовки на саботажи
Агенцијата за внатрешна безбедност и другите служби приведоа осум лица осомничени за подготовка на саботажи, изјави премиерот на Полска, Доналд Туск.
Тој додаде дека во тек се оперативни активности.
Полскиот министер задолжен за специјални служби, Томаш Симоњак на платформата Икс објави дека осум лица се уапсени поради извидување на воени објекти и елементи на клучна инфраструктура, како и за подготовка на средства за извршување саботажи и директни напади.
октомври 22, 2025

