Connect with us

Свет

ЕУ размислува за забрана на етанол во средствата за чистење и други производи

ЕУ размислува за класифицирање на етанолот како опасна супстанца што го зголемува ризикот од малигни заболувања.

Етанолот е супстанца што се користи во многу средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и други производи, според „Фајненшл тајмс“.

Внатрешна препорака од една од работните групи во рамките на Европската агенција за хемикалии (ECHA) на 10 октомври го класифицира етанолот како токсична супстанца што го зголемува ризикот од рак и доведува до компликации за време на бременоста.