Свет
Папата Лео Четиринаесетти се сретна со жртвите на сексуално злоставување од страна на католичките свештеници

Папата Лав Четиринаесетти денеска првпат се сретна со жртвите на сексуално злоставување од страна на католичките свештеници.
Тој имаше средба со претставници на организацијата „Крај на злоупотребата од страна на свештениците“ (Ending Clergy Abuse) меѓународна коалиција на преживеаните жртви. На средбата со папата присуствуваа четири жртви и двајца активисти.
Пред неколку дена Комисија за заштита на децата на Ватикан ги обвини високите црковни претставници дека се премногу бавни во пружањето помош на жртвите. Исто така ги обвини бискупите дека не им пружиле информации на жртвите како да го пријават насилството. Комисијата посочи и дека неодговорните бискупи не се санкционирани.
Католичката црква, која има околу 1,4 милијарди верници, со децении е потресена од скандали низ целиот свет поврзани со злоупотреби и прикривања, кои сериозно го нарушија нејзиниот углед. Католичката црква има исплатено стотици милиони долари за спогодби со жртвите.
октомври 21, 2025