Connect with us

Свет

Ердоган во официјална посета на Кувајт, Катар и Оман

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во наредните три дена ќе биде во официјални посети на Кувајт, Катар и Оман, на покана на неговите колеги, соопшти денеска директорот за комуникации на претседателот, Бурханетин Дуран.

Како што јави Анадолија, според Дуран, посетите ќе се фокусираат на разгледување на билатералните односи во сите аспекти и истражување на начините за натамошно зајакнување на соработката.

Тој додаде дека ќе се разговара и за регионалните и меѓународните случувања, а се очекува и потпишување на разни договори за подобрување на правната рамка на односите.