Connect with us

Свет

Зеленски пристигна во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа пред неколку моменти, објави Скај њуз.

Тој беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, со кого позираше пред камерите.

Трамп пред средбата рече дека ќе разговара со Зеленски околу вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

-Мислам дека постигнуваме голем напредок, вели Трамп. „Денеска ќе разговараме за тоа. Ќе разговараме за тоа што се случи вчера по телефон со претседателот Путин. Мислам дека работите одат прилично добро. Започна со Алјаска, каде што, мислам, беа дискутирани одредени правци на размислување. И сакаме да видиме дали можеме да го постигнеме тоа“, рече Трамп.