Connect with us

Општини

Љутков: Куманово, порта на транзитниот туризам, средба со угостители и туристички работници

Угостителите и туристичките работници во Куманово, денеска се сретнаа со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со директорот на царинската управа, Бобан Николовски, директорот на државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, на која ги презентираа нивните барања кои треба да го развијат транзитниот туризам во Куманово.

Двата сектори ќе добијат поддршка преку Mинистерството, кое ја подготвува програмата и апликациите. Во однос на транзитниот туризам, вклучени се повеќе институции, министерства и во соработка со претставниците на угостителите, на туристичките агенции, установите ќе се изнајде решение за поттикнување на овој вид туризам, чија порта е Куманово. Во изјавата за медиумите, министерот Љутков посочи дека како новоформирано министерство го опфаќаат и секторот туризам и за наредната 2026-та година ја подготвуваат програмата, и освен што го поддржуваат проектите во културата ќе имаа и годишен конкурс и за поддршка на проектите во делот на туризмот.

– Ги слушнавме нивните барања, бидејќи знаете дека културниот туризам е еден од најразвиените во светот, па така ќе биде и во Македонија. И она што е важно во 26-та година го развиваме и транзитниот туризам веќе правиме подготовки, работни групи. Куманово е првата порта на тој транзитен туризам така што најважно е што ќе направи во Куманово да ги слушнеме нивните барања, имавме конкретни предлози, конкретни идеи им кажавме кои се нашите можности ќе се вклучат во целиот овој процес до крајот на годината за да можеме да ги направиме конкретните програми за 26-та година, изјави Љутков.

Министерот рече дека угостителите и туристичките работници понудиле инспиративни идеи, кои ги слушнале и до Државниот пазарен инспекторат, бидејќи од следната година, како што изјави ќе формира и „туристичка инспекција“, којашто ќе функционира во рамките на инспекторатот. Љутков е задоволен од напредокот на процесот.

– Еден дел од прашањата беа упатени конкретно во измените на законот, бидејќи се носи нов закон за угостителска дејност. Тука беа конкретните прашања што ги засегаат угостителите, бидејќи знаете дека сè уште не е во под Министерство за култура и туризам се надевам дека тоа ќе го направиме до крајот на годината ново. Но, имаше поголем дел од работите коишто беа упатени кон министерство, а тоа е какви програми и поддршка ќе имаат од министерството во делот на транзитниот туризам, рече Љутков.

Тој посочи дека ќе се направат апликациите за следната година и затоа сакале да ги слушнат нивните на идеи, дали тоа саем којшто ќе се отвори во текот на летото и би траел во подолг временски период, токму кога транзитните туристи се тука, што ќе биде одлучено заедно со претставниците на овие дејности.

– Ние работиме на една пообемна апликација за транзитен туризам, кај што се вклучени ова поголем број на чинители, тука е вклучена и Царината, МВР, Министерството за транспорт и врски, ЈПДП, бидејќи сите сме вклучени во овој процес да го олесниме тој коридор Е 75. Во таа апликација ќе бидат вклучени и туристичките агенции, ќе бидат вклучени и културни-историските споменици, археолошките локалитети, ќе бидат вклучени сите винарии, вклучени сите угостители коишто имаат и ресторани, но и сместувачки капацитети. Значи буквално сакаме во тој дел на транзит на транзитниот туризам да ги вклучиме сите коишто ќе бидат засегнати или посетени од во туристите, кажа министерот.

Во однос на Кокино, кое се наоѓа во соседната општина Старо Нагоричане, Љутков појасни дека е отворено прашањето.

– Таму нема добра инфраструктура, нема добро осветлување, е под општината Старо Нагоричане значи ќе треба директно да се зборува со локалната самоуправа, и да донесеме едно заедничко решение. Ако не може да помогне локалната самоуправа, се разбира дека целиот тој процес ќе го преземе ние како министерство, изјави Љутков.