Connect with us

Останати спортови

СП атлетика: Кер од Нов Зеланд светски првак во скок во височина

Атлетичарот од Нов Зеланд Хамиш Кер е нов светски првак во скок во височина. Тој до златниот медал стигна со скок од 2.36 метри и на својата држава и го донесе второто злато на шампионатот.

Денеска беа одржани вкупно четири финални дисциплини. Светски првак во фрлање кладиво стана Итан Кацберг од Канада, со рекорд на првенствата и фрлено кладиво со должина од 84.70 метри. Во трката на 110 метри со пречки победи Американецот Кордел Тинч кој патеката ја истрча за 12.99 секунди. Во единствената финална дисциплина кај жените на 1.500 метри победи Фаит Кипјегон од Кенија – таа патеката ја истрча за време 3:52.15 минути.

Американскиот тим е најуспешен со вкупно 8 освоени медали – 6 златни и 2 бронза, Кенија има 5 медали (3 златни, 1 сребро, 1 бронза), следи Канада 3 медали сите златни.