Connect with us

Свет

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија

Цените на нафтата денеска продолжуваат да паѓаат откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ги укина санкциите за Русија.

Фјучерсите на нафтата „Брент“ го продолжија падот и утрово на азиските берзи, при што цената во раното тргување се спушти за повеќе од 1,5 проценти на 107,92 долари по барел, пренесува Ал Џезира.

Ова доаѓа откако Трамп во петокот потпиша извршна уредба со која се укинуваат бројни санкции поврзани со Русија, само неколку дена пред да стапат во сила, вклучувајќи царини за руска стока и казни за купување нафта и гас од земјата.

Цената на суровата нафта „Брент“ накратко во петокот достигна 110 долари по барел за првпат од мај, бидејќи тензиите и безбедносните закани на Блискиот Исток предизвикаа загриженост за безбедноста на пловидбата и намалување на глобалното снабдување со енергенси.

Ad
Ad