Општини
Иван Мицевски, Жарко Михајловски и Филип Стоилковски најсреќни на Водици во Општина Карбинци
Во Општина Карбинци од утринава големиот православен празник Богојавление-Водици се чествува на три локации. Водите во реките кои поминуваат низ оваа мала рурална општина се осветуваа во селата Карбинци, Долни Балван и Таринци. Иван Мицевски во село Карбинци го фати светиот крст во водите на реката Брегалница, кои беа осветени во Општина Карбинци. Тој вели дека првпат успеал да го извади светиот крст од осветените води, а досега се обидувал седум пати и учествувал во свечената церемонија по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
-Седма година се фрлам по крстот и еве денеска го фатив, вели Мицевски.
Тој низ насмевка вели дека оваа година посакува да се ожени. Жарко Михајловски пак беше најбрз и го извади светиот крст од осветените води во реката Брегалница, кој беше положен од мостот кој ги поврзува жителите на селото со останатите населени места во општината.
-Досега светиот крст го фаќам по вторпат и сакам да посакам љубов, слога и верба во Бога. За многу години нека е, да сме живи и здрави. Бог се јави рече Михајловски.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов и свештени лица од Брегалничката епархија им врачија пригодни подароци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Паунов на своите сограѓани им го честитатше празникот со Бој се јави-Навистина се јави. Посака здравје, среќа и бериќет на сите.
-Да ги празнуваме празниците пред се во духот на традицијата, во добро здравје и нека сме сплотени и понатаму за да продолжиме да ги чествуваме овие важни празници за христијанството и за нашиот македонски народ, рече Паунов.
Во селото Таринци светиот крст го фати 16 годишниот Филип Стоилковски.
јануари 19, 2026


