Connect with us

Општини

Премиерот Мицкоски присуствуваше на отворање на целосно реконструираната спортска сала во Кратово

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, и заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, присуствуваше на отворањето на целосно реконструираната спортска сала во Кратово.

Според Мицкоски, неговото присуство, присуството на потпретседателот на Владата, на другите владини претставници и на пратеници во Собранието е исклучително значајна порака за Кратово и кратовци дека како Влада ќе продолжат да ги поддржуваат проектите кои им се потребни на жителите во оваа општина.

  • Неколку проекти се реализираат од средствата што како Влада ги пренасочивме од централниот буџет кон општините и тој процес ќе продолжи и во годините што следуваат. Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она што претставува нивна потреба ние треба да го реализираме. Нека е честито пуштањето во функција на овој прекрасен објект и уште многу спортисти и таленти да изникнат од овој спортски објект – рече премиерот Мицкоски.

Според градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, овој проект уште еднаш потврдува дека инвестирањето во спортот и создавањето услови за спортување е најдобра инвестиција корисна за сите генерации.

  • Општина Кратово изминатиот период тоа го правеше доследно и одговорно – изгради неколку игралишта и спортски терени со современи подлоги, со современи стандарди. Така и тука, со нов покрив, нови прозорци и врати, нов еластичен под, енетериерно уредување, реконструирани трибини, тоалети и противпожарна заштита и други безбедноси стандарди овој објект доби услови какви што заслужуваат младите – рече Николовски.

Додаде дека со подршката од Владата се работи на уште неколку капитални проекти од областа на социјалната и детската заштита, линиската и патната инфрасруктура.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2