Connect with us

Општини

Oпштина Велес ги повика жителите со поднесени барања за легализација да комплетираат документи до март

Општина Велес ги известува своите жители кои имаат поднесено барања за легализација, а постапките им се во прекин поради некомплетна документација дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти е со важност до трети март 2026 година.

Од Општината апелираат до сите граѓани заради запазување на рокот на време да се обратат во Одделението за урбанизам и да ја достават потребната дополнителна документација. 

– Во спротивно, доколку барањата за утврдување правен статус на бесправен објект не бидат дополнети со потребната документација, ќе бидат одбиени согласно одредбите на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, посочуваат од Општината.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5