Connect with us

Општини

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.

Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или кои освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство се невработени лица кои живеат на територијата на oпштина Струмица.

Самохрани родители имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца доколку еден од родителот е починат, еден од родителот е непознат и детето е од разведен брак, додека згрижувачките семејства треба да имаат стекнато статус на згрижувачко семејство.

Повикот, заедно со пријавата, се објавени на општинската веб страница со сите дополнителни информации и е отворен до 31 јануари.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2