Connect with us

Тенис

Ѓорческа во борба за финале на квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (среда) во утринските часови по македонско време ја очекува нов меч од квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Словенката Тамара Зиданшек.

Противничката која има 28 години се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата.

Мечот е предвиден да се игра на теренот број 11 и како четврти по распоред. Како и на мечот од првото коло се очекува македонската тенисерка да има поддршка од армија македонски фанови кои живеат во Мелбурн.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1