Connect with us

Свет

Вселенската патријаршија: Руските служби измислуваат сценарија и лажни вести против Вартоломеј

Фантастичните сценарија, лажните вести, навредите и измислените информации од секакви пропагандисти не го обесхрабруваат вселенскиот патријарх да ги продолжи својата служба и својата вселенска мисија, соопштија од Вселенската патријаршија откога од Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација посочија дека Вартоломеј се обидува да „го истера руското православие од балтичките земји“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Мајката црква во Константинопол – мајка и на оваа црква на Русија – ја изразува својата длабока тага поради новиот руски напад врз лицето на неговата светост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, што овој пат е извршен од државните служби на земјата. Од 2018 година, кога Вселенската патријаршија одлучи да ѝ додели автокефален статус на Црквата на Украина, мајката црква избегнуваше да ги коментира безбројните слични напади што доаѓаа или од црковни или од политички центри и личности во Русија. Ова го прави и денес – соопштија од Вселенската патријаршија.

Од прес-центарот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР) вчера соопштија дека според добиените информации „патријархот Вартоломеј Цариградски, кој ја распарчи православна Украина, ги продолжува своите расколнички активности во православната црква“ и дека со помош на британските разузнавачки служби сега се насочил кон балтичките држави со цел „истерување на руското православие и воспоставувајќи на негово место црковни структури целосно под контрола на Фанарот“.

– Агресивните апетит на „цариградскиот антихрист“ не се ограничуваат само на Украина и балтичките земји, неговата подмолност постепено ги покрива и земјите од Источна Европа. Со цел да нанесе удар врз „особено непослушната“ Српска православна црква, тој има намера да ѝ додели автокефалност на непризнатата Црногорска православна црква – пишува во соопштението до СВ

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1