Connect with us

Свет

Турското Министерство за здравство со нов пакет-мерки против пушењето и дебелината

Министерството за здравство на Турција подготвува законски измени со кои ќе се забрани пушењето и во деловите на кафулињата и рестораните што имаат подвижни (отворени) покриви, јавуваат турските медиуми.

Оваа „празнина“ во сегашното законодавство често се користеше за заобиколување на забраната за пушење во затворени простории. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу нагласи дека новите измени ќе ги направат мобилните инспекциски екипи поактивни, а поликлиниките за борба против зависности ќе го прошират својот опсег на работа.

„Подготвуваме измени за пушењето во затворено и се надевам дека наскоро ќе ги доставиме до Меџлисот. Со поддршка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, очекуваме подобри резултати во борбата против тутунските производи, изјави Мемишоглу.

Покрај пушењето, најавени се и заеднички мерки со Министерството за земјоделство за контрола на содржината на шеќер во храната, како дел од пошироката национална стратегија за борба против дебелината и поттикнување на здрав начин на живот.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5