Connect with us

Свет

Протест на француските земјоделци поради договорот на ЕУ со Јужна Америка

Француските земјоделци со 350 трактори поминаа низ улиците на Париз и пристигнаа пред Парламентот, протестирајќи поради ниските приходи и трговскиот договор на Европска Унија со Јужна Америка, кој, според нив, ќе ја загрози нивната егзистенција.

Синдикатите на земјоделците бараат „конкретни и итни мерки“ за заштита на прехранбената безбедност на Франција.

Портпаролката Мод Брежон изјави дека Владата набрзо ќе изнесе новите мерки за помош на земјоделците.

Претседателот Емануел Макрон и неговата Влада се против трговскиот договор ЕУ – Меркосур, што треба да биде потпишан на 17 јануари во Парагвај. Договорот поддржан од поголемиот број земји-членки на ЕУ.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1