Ракомет
Македонските ракометари ја совладаа Украина
Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Швајцарија, откако вечерва триумфираше над Украина со 31-26 (13-17).
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров до триумфот дојдоа со одлична игра во второто полувреме, откако одиграа потпросечно прво полувреме, во кое нападот и одбраната не функционира и Украина замина на пауза со предност од 17-13.
Почетокот на второто полувреме донесе поинаква слика на паркетот во салата во Винтертур.
Македонската репрезентација ги искористи неколкуте одбрани во серија на голманот Галевски и со серија од 6-1 дојде во водство од 19-18 во 39. минута.
Во завршните 15 минути, македонските ракометари постепено ја зголемуваа предноста за на крајот да забележат убедлив триумф.
Македонските ракометари стартуваа на турнирот во Швајцарија со победа во четвртокот над Бахреин од 32-28, а во завршното коло ќе играат против домаќинот Швајцарија, утревечер со почеток во 18 часот.
За избраниците на Лазаров тоа ќе биде последен контролен натпревар пред настапот на Европското првенство на кое во воведното коло противник на 16 јануари, во Хернинг, ќе им биде домаќинот Данска
јануари 10, 2026


