Ракомет
Триумф на македонските ракометари во дуелот со Бахреин
Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45).
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел Бахреин го имаше и единственото водство од 20:19, но тоа како да беше сигнал за македонските ракометари, кои заиграа подобро и стигнаа до предност од пет разлика 29:24.
Лазаров на овој натпревар им даде шанса на сите ракометари.
На првиот дуел од турнирот домаќинот Швајцарија ја совлада Украина со 38:27.
јануари 9, 2026


