Connect with us

Фудбал

Емери: Навивачите ни помогнаа за успех против Нотингем

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, на навивачите ја препиша заслугата за победата од 3:1 вчеравечер на домашен терен над Нотингем во 20. коло од англиската Премиер лига.

Џон Мекгин постигна два гола за Бирмингем Сити, а Оли Воткинс додаде уште еден.

– Толку сум среќен, а овде на Вила Парк, со нашите навивачи, сум уште посреќен. Тие ни помогнаа, нивната енергија е неверојатна. Тоа е клучот за успехот. Така играме тука, бидејќи сме сите заедно. И начинот на кој денес освоивме три бода е навистина фантастичен. По поразот од Арсенал во Лондон, ја вративме нашата добра форма, а нашата позиција на табелата е фантастична, изјави Емери за клупскиот сајт на Астон Вила.

Во последните 13 натпревари Астон вила има само еден пораз во сите натпреварувања. Тимот има 42 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. Лавовите ќе го играат својот следен натпревар на 7 јануари против Кристал Палас. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3