Connect with us

Ракомет

Македонските ракометарки одиграа нерешено со Словенија

Македонската женска ракометна репрезентација одигра попладнево нерешено 23-23 против Словенија во рамки на второто коло од Меѓународниот турнир во Анкара.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски одиграа уште квалитетен натпревар на турнирот во Турција што донесе неизвесна завршница во која македонските ракометарки беа поблиску до победата.

Марија Јанкуловска во последната минута од дуелот донесе предност од 23-22, а откако Словенките го израмнија резултатот, македонските ракометарки не успеаја да постигнат гол за победа во завршниот напад.

Во првото коло на турнирот во Анкара, кој е во рамки на ЕХФ неделата, македонската репрезентација го совлада домаќинот Турција со 29 – 26, а утре во завршниот натпревар ќе игра против Словачка.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1